• недела, 22 декември 2024

Регионалниот онлајн саем за вработување во Србија започна со повеќе од илјада огласи

Регионалниот онлајн саем за вработување во Србија започна со повеќе од илјада огласи

Белград, 15 октомври 2024 (МИА) - Платформата за вработување Poslovi.infostud денеска соопшти дека го започнала 15. Регионален саем за вработување, на кој до 22 октомври онлајн ќе учествуваат повеќе од 120 работодавачи од Србија и регионот, нудејќи повеќе од 1.000 огласи за вработување, јавија српските медиуми.

Само во Србија се достапни над 500 огласи на кои работа понудиле повеќе од 40 компании.

Саемот ќе им овозможи на заинтересираните директно да се поврзат со работодавaчите, да разговараат во реално време и да дознаат се што ги интересира за позициите и поволностите што ги нудат компаниите.

Саемот е достапен преку веб-страницата https://rs.regionalnisajamposlova.com/.

Ланскиот саем го посетиле повеќе од 340.000 луѓе од Србија, а вкупниот број посети од регионот достигна речиси 700.000, јави Бета. Посетителите имаат можност да се запознаат со речиси 500 отворени работни позиции. паг/

Фото: Скриншот

 

Остани поврзан