Регионален форум на заедницата за североисточен регион во Куманово
- Целта на форумот е споделување пракитки на спроведување на зелената агенда на Западен Балкан.Управувањето со отпад на локално ниво е предуслов во постигнување на целите од столбот поврзан со циркуларната економија
Куманово, 25 февруари 2026 (МИА) - Претставници од релеватни институции од Куманово и други општини споделија мислења на регионалниот форум на заедницата за североисточен регион, за Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ), кој се одржа денеска во Занаетчискиот дом во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, кој го спроведува Центарот за климатски промени во соработка со партнерски организации од повеќе општини меѓу нив и Националниот Ромски Центар од Куманово.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија, а на форумот беа презентирани успешни практики кои се применуваат во соседните земји и се во насока на воспоставување центри за собирање градежен шут.
- Целта на форумот е споделување практики на спроведување на зелената агенда на Западен Балкан овде во североисточниот регион односно на столбот поврзан со циркуларната економија. Зелената агенда е стратешка рамка за овие земји кои се стремат кон климатска неутралност. Управувањето со отпад на локално ниво е предуслов во постигнување на целите од столбот поврзан со циркуларната економија, односно целиме кон тоа да ги упатиме општините како да формираат собирни центри и како да формираат систем за собирање на комуналниот отпад. Ниту една општина нема собирно место за собираењ градежен шут и не само тоа прашање, туку и пто понатаму со тие огромни количини. Практиките ќе се земат од земјите од ЕУ и соседните Грција и Бугарија- изјави Бојана Станоевска Пецуровска од Центарот за климатски промени.

Ашмет Елезовски од НРЦ вели дека општините се должни да воспостават еден или повеќе собирни центри за посебни текови на отпад од домаќинствата, каде комуналниот отпад и отпадот за рециклирање се оставаат бесплатно.
- Собирните центри се клучен дел од примарната селекција и регионалната шема за управување со отпад. Сепак, општините често се соочуваат со пречки како избор на локација, сопственост на земјиштето и нејасни законски процедури. Градежниот отпад, пак, често завршува во контејнерите или создава диви депонии, што претставува сериозен проблем. Форумот има за цел споделување успешни практики за воспоставување функционални собирни центри и долгорочно решавање на проблемот со градежен шут- изјави Елезовски.

На депонијата Краста не може да се одлага градежен шут. Таа треба да стане претоварна станица. Одредени услви веќе се исполенти, се мијат камионите при изнесување на сметот, забренет е прстап на неовластени лица, дел од отпадот се селектира, посоува директорокот на претпријатието, Сашо Томиќ.
Се додека не се изгради депонијата во Свети Николе, општините од североистокот и истокот ќе мора да ги користат постоечките депонии, посочи Ана Каранфилова Мазнвеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Самиот процес на воспоставување на овој систем едноставно сака време, потребни се промени во повеќе области прво во начинот на фукционирање на комуналните претпријатија, во начинот на отстранување на отпадот кој досега се исфрла на нестандардни локации. Изградбата на тие системи, обезбедувањето на средствата, конечно и тоа бара време сепак се работи за грант кога треба да исполнети и одредени услови кои ги налага во овој случај ЕУ. Треба да се воспостават рути коишто ќе бидат поекономични за собирање и транспортирање на отпадот и не е чудно процесот што трае толку долго- вели раководителката на одделот за управуавње со отпад. ам/дма/
Фото: МИА