• четврток, 26 март 2026

Регионален систем за управување со отпад

Регионален систем за управување со отпад

23 јули 2025

Законските регулативи во однос на управување со отпадот во нашата земја се насочени кон промоција на циркуларна економија преку екстракција на квалитетни ресурси од отпадот колку што е можно повеќе, се наведува во соопштението од Управата за животна средина, што МИА го пренесува во интегрална форма.

Понатаму и политиката на Зелената агенда за западен Балкан се потпира на неколку столбови, насочени воглавно на реформи во регионот за да се усогласиме со амбициите на Европскиот зелен договор (European Green Deal), преку економскиот и инвестициски план на Европската Унија. Европскиот зелен договор има за цел да го промовира растот преку транзиција кон модерна, ефикасна во однос на ресурсите и конкурентна економија.

Донесените и усогласени со европските закони и подзаконски акти осе основа за воспоставување на циркуларна економија и систем за селектирање, селектирање и депониирање на колку што е можно помала количина на отпад, при што сите оние ресурси што можат да се реупотребат да бидат вратени во производствот како секундарни суривини.

Справувањето со отпадот како едно од најаткуелните прашања е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпад. Според стурчните пресметки и анализи, најекономично и најисплатливо се покажа групирањето на општините и регионите во државата во 5 регионални системи за управување со отпад, со 5 регионални санитарни депонии.

1.       Источен регион и Североисточен регион - Мечкуевци во о. Свети Николе,

2.       Полошки регион – Русино, општина Гостивар

3.       Пелагониски регион Југозападен регион - Мегленци, општина Новаци

4.       Вардарски регион Југоисточен регион – Доброшинци, о. Василево

5.       Скопски регион – Дрисла, Скопје

Источен регион и Североисточен регион- Објавен е тендерот за изградба на централна постројка за управување со отпад за двата региона во Свети Николе, како и изградба на 6 претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и Берово. 

Паралелно ќе се одвива градбата на претоварните станици и регионалната депонија. Додека не се изгради целиот систем нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпад (телото на депонијата, постројката за механичко биолошки третман, пречистителната станица, линијата за селекција итн.)

Спроведени се активности за затварање на нестандардните депонии и ѓубришта.

Во зависност од количината на отпадот, предвидени се три начини за ремедијација на непрописните депонии/ѓубришта:

1.            Најмалите ѓубришта ќе бидат едноставно исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга поголема блиска непрописна депонија.

2.            Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани во своето депониско тело, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви кои ќе ја вршат улогата на собирање на депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, ќе биде поставена ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници, мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот и сл.

3.            Кај непрописните депонии кои ќе го примаат отпадот се до започнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпад, ќе се извршат некои од горенаведените операции, без финално затворање и истите ќе останат во функција. За конечно затворање на овие непрописни депонии предвиден е друг проект (II фаза) кој ќе се реализира  по изградбата на регионалната депонија во Мечкуевци, општина Свети Николе, а планиран во рамки на ИПА III.

Обврската за одржување на исчистените локации останува на секоја општина, согласно со договорот потпишан со МЖСПП.

Буџетот за овој голем инвестициски проект е обезбеден од ИПА фондовите и национално кофинансирање.

Полошки регион – Русино и за Пелагониски и Југозападен регион - Мегленци, Општина Новаци

Овие проекти се реализираат со средства од заемот од ЕБРД. Пред крај е подготовка на тендерската документација, и се очекува во најскоро време да се објават тендерите за градба, односно за реконструкција на регионалниот систем за управување со отпад Русино во полошкиот регион и претоварна станица во Тетово,  претоварни станици во Дебар, Охрид и Прилеп и затварање на депонијата во Новаци и надзор над работата. Во моментот тече тендер за набавка на возила и контејнери за општините од Пелагониски и Југозападен регион.

За Вардарски  и Југоисточен регион – регионална депониј а во Доброшинци - Во тек е тендерска постапка за изработка на плански документи, која исто така е финасирана со заемот од ЕБОР.

Скопски регион – Дрисла

Во моментов тече постапка за избор на консултант кој треба да ги подготви сите неопходни документи за развој на депонијата Дрисла и за воспоставување на регионалниот систем за скопскиот регион. Постапката за избор ја води ЕУ делегација и целиот проект ќе биде финасиран со грант средства од ЕУ.

Игор Никоски

Директор на Управа за животна средина

Канцеларија за комуникација со јавност
Министерство за животна средина и просторно планирање 

Остани поврзан