• четврток, 26 март 2026

Регионален самит на гувернери и министри за финансии во Бечиќи од денеска до 14 јуни

Регионален самит на гувернери и министри за финансии во Бечиќи од денеска до 14 јуни

Бечиќи, 12 јуни 2025 (МИА) - Регионалниот самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночни администрации - „Финансиска и монетарна стабилност на регионот на Западен Балкан во услови на континуиран слаб економски раст во Еврозоната“ - ќе се одржи од денеска до 14 јуни во Бечиќи.

За време на дводневната програма во Црна Гора, најважните креатори на фискалната и монетарната политика - гувернери на централни банки, министри за финансии, директори на даночни администрации, како и претставници на меѓународни финансиски институции и водечки менаџери од банкарскиот и осигурителниот сектор - ќе се соберат во хотелот „Сплендид“.

Учесниците на 12-от Регионален самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночни администрации ќе имаат можност да разменат идеи и визии за иднината на регионот во контекст на се посложена и неизвесна геополитичка и геоекономска средина. з

Овој престижен собир, што се организира од 2019 година, претставува најголем и најзначаен годишен регионален настан, посветен на зајакнување на соработката и развивање на дијалогот меѓу клучните финансиски институции во регионот. зш/

Остани поврзан