• петок, 22 ноември 2024

Урбанистички планови за објекти за домување, стопанска и социјална дејност изготви Општина Зрновци

Урбанистички планови за објекти за домување, стопанска и социјална дејност изготви Општина Зрновци

Кочани, 24 октомври 2024 (МИА) – Локалната самоуправа на Зрновци изготви урбанистички планови со кои на заинтересираните инвеститори ќе им овозможи да изградат објекти наменети за домување, како и за стопански и социјални дејности.

Парцелите на кои се однесуваат урбанистичките планови се во населените места Зрновци и Мородвис, расрпределени се во пет различни блокови и опфаќаат вкупна површина од 22 хектари.

- Со 1,5 милиони денари од општинскиот буџет во завршна фаза се урбанистичките планови, односно во тек е јавната презентација за нив. Со нивната разработка, се пренаменува оскудно земјоделско земјиште и околу стотина негови сопственици ќе добијат градежни парцели со намена за индивидуално домување и викенд куќи. На земјиштето кое е во државна сопственост предвидени се парцели за изградба на бензинска пумпа, станица за технички преглед и регистрација на возила, фотоволтаична централа, зона за лесна незагадувачка индустрија, хотел, дом за стари лица и објекти за здравствена и социјална заштита. Наша цел е епитетите за мала, сиромашна и неразвиена општина да ги оставиме зад нас, а локалната средина да се развива со неопходната инфраструктура, исткана Борчо Коцев, градоначалник на Општина Зрновци.

Со новоизготвените планови, на дел од зејмиштето што е во државна сопственост, урбанизирани се парцели за терени за спорт и рекреација, како и за стрелиште од затворен тип.

Јавната презентација на урбанистичките планови ќе се одржи на 6 ноември во просториите на Општината, а јавната анкета што се спроведува и електронски преку општинската веб страница и на која граѓаните можат да ги изнесат своите мислења и забелешки, е до почетокот на декември. та/цр

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан