Ревија на народни носии во Општина Ѓорче Петров
- Во Домот на култура во Ѓорче Петров вечер ќе се одржи манифестацијата „Ревија на народни носии“ организирана од АНИП Ѓорче Петров.
Скопје, 19 ноември 2022 (МИА) - Во Домот на култура во Ѓорче Петров вечер ќе се одржи манифестацијата „Ревија на народни носии“ организирана од АНИП Ѓорче Петров.
Од општината соопштуваат дека оваа година ќе бидат прикажани народни носии од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век
- Убавината и раскошот на фолклорните елементи кои ги красат народните носии кои се носеле пред векови од повеќе краишта од држава ќе може одблиску да се видат токму во општина Ѓорче Петров. Многувековната македонска традиција и македонскиот народ е творец и создавач на народните носии. Да ги негуваме и сочуваме преку ваквите настани, соопштуваат оттаму. мд/нд/