• вторник, 14 мај 2024

Реванш пресметки ги очекуваат денеска Шкендија и Академија Пандев во Конференциската лига

Реванш пресметки ги очекуваат денеска Шкендија и Академија Пандев во Конференциската лига
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) – Два од трите македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА попладнево ги играат реванш натпреварите во рамки на 1. квалификациско коло во кои Шкендија му гостува на ерменски Арарат, додека Академија Пандев ја пречекува полска Лехиа. Шкендија од 17 часот на Националниот стадион во Ереван ќе настојува да ја одбрани предноста од 2-0 од првиот натпревар во Скопје, додека Академија Пандев во истиот термин на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ ќе има тешка задача да ја надомести негативата од 1-4 од гостувањето во Полска. Победникот од дуелот меѓу Шкендија и Арарат во 2. квалификациско коло во Конференциската лига ќе игра против Валмиера од Летонија, додека австриски Рапид Виена го очекува поуспешниот од пресметката меѓу Академија Пандев и Лехиа. Првите натпревари од 2. квалификациско коло се на програмата на 21 јули, кога третиот македонски претставник во Конференциската лига, Македонија Ѓорче Петров, во Скопје е домаќин на бугарска ЦСКА Софија. ег/цр

Остани поврзан