• недела, 19 мај 2024

Реваншот меѓу Усик и Џошуа на 20 август во Саудиска Арабија

Реваншот меѓу Усик и Џошуа на 20 август во Саудиска Арабија
Лондон, 20 јуни 2022 (МИА) – Боксерскиот реванш дуел меѓу Украинецот Олександр Усик и Британецот Ентони Џошуа ќе се одржи на 20 август во градот Џеда, во Саудиска Арабија, објави официјално промоторот Еди Херн. Усик минатата пролет по 12 рунди пред 66.267 гледачи на стадионот на Тотенхем во Лондон го совлада Џошуа со едногласна одлука на судиите и ја обедини титулата светски првак во тешка категорија во верзиите WBO, IBF, WBA и IBO. По почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари, Усик се врати во татковината за да се вклучи во одбрана на земјата, но во март повторно ја напушти разорената Украина за да почне да се подготвува за реваншот против Џошуа. ег/паг/

Остани поврзан