• понеделник, 01 јули 2024

Ребиќ со два гола од клупата му донесе нова победа на Милан

Ребиќ со два гола од клупата му донесе нова победа на Милан
Милано, 19 јануари 2020 (МИА) - Тимот на Милан продолжи со своите добри настапи од почетокот на годината, откако оствари доцен успех против Удинезе со 3-2 на домашен терен во 20-то коло од Серија „А“. Во херој за „росонерите“ се претвори напаѓачот Анте Ребиќ, кој се појави во игра по паузата и постигна два гола за триумфот на својот тим. Така, Милан забележа трета последователна победа на сите турнири и се искачи на седмото место во пласманот со 28 поени, додека Удинезе ја завзема 13-та позиција со предност од 24 поени.

Тагови

Остани поврзан