• понеделник, 01 јули 2024

Ребиќ се поблиску до постојан договор со Милан

Ребиќ се поблиску до постојан договор со Милан
Милано, 9 јули 2020 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ, кој е изнајмен од Ајнтрахт Франкфурт, може да потпише постојан договор, пренесува „Тутомеркатовеб“. Според изворот, клубот од Милано веќе се сретнал со агентот на 26-годишниот Хрват Фали Рамадани за да разговараат за договорот. Ќе се водат разговори и со агентот во врска со трансферот на напаѓачот Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Оваа сезона, Ребиќ забележа 20 одиграни натпревари во Серија „А“, во кои постигна 10 гола.

Тагови

Остани поврзан