• петок, 21 јуни 2024

Реал со поддршка за Надал по елиминацијата во првото коло на Ролан Гарос

Реал со поддршка за Надал по елиминацијата во првото коло на Ролан Гарос

Мадрид, 28 мај 2024 (МИА) - Реал Мадрид му дава поддршка на шпанскиот тенисер Рафаел Надал по неговата елиминација во првото коло на Ролан Гарос 2024 година.

-Ти секогаш остануваш одличен пример за нас на и надвор од теренот, драг Рафаел. Ние сме многу горди на една таква голема легенда и секогаш ќе бидеме со тебе во сите искушенија. Само напред, Рафа! – порача Реал Мадрид во порака на социјалната мрежа Х.

Триесет и седумгодишниот Надал загуби од Германецот Александар Зверев во првото коло на Отвореното првенство на Франција - 3:6, 6:7 (5:7), 3:6. 

По поразот, Шпанецот изјави дека овој меч може да му биде последен на Грен слемот во Париз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан