Реал нема да може да го откупи Хакими од Интер
- Според изворот, мадридскиот клуб нема да може да го откупи 21-годишниот Мароканец во случај на трансфер во италијанскиот клуб
Милано, 28 јуни 2020 (МИА) - Детали се познати за можниот трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими во Интер, пренесува „Фудбал Италија“.
Според изворот, мадридскиот клуб нема да може да го откупи 21-годишниот Мароканец во случај на трансфер во италијанскиот клуб.
Се очекува Хакими да се пресели во Интер за 40 милиони евра и ќе добие плата од 5 милиони евра годишно.
Оваа сезона Хакими има одиграно 43 натпревари во сите натпреварувања, има 9 гола и 10 асистенции.
Порталот transfermarkt.com го проценува Мароканецот на 54 милиони евра.