• четврток, 26 март 2026

Реал може да го раскине договорот со Рејниер

Реал може да го раскине договорот со Рејниер

Мадрид, 20 јули 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал, Рејниер, наскоро ќе го напушти тимот од Мадрид, објавуви „AS“.

Според шпанскиот спортски портал, кралскиот клуб не смета на 23-годишниот Бразилец и размислува за раскинување на договорот доколку не успеат да го продадат во летниот преоден рок.

Во 2020 година, Реал Мадрид му плати на Фламенго 30 милиони евра за Рејниер. Оттогаш, тој нема играно за главниот тим.

Фудбалерот од средниот ред играше како позајмен во Борусија Дортмунд, Жирона, Фрозиноне и Гранада.

Порталот Transfermarkt ја проценува пазарната вредност на Рејниер на 1,5 милиони евра. Неговиот договор со Реал Мадрид важи до летото 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан