• петок, 05 декември 2025

Реал може да го добие Конате бесплатно следното лето

Реал може да го добие Конате бесплатно следното лето

Мадрид, 21 јули 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате, може да ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид. 

Според „Фудбал Инсајдер“, мадридскиот клуб е подготвен да почека и да го потпише 26-годишниот Французин како слободен агент следното лето, но може да понуди и мала сума за играчот во овој преоден рок.

Порано, „Марка“ објави дека Конате им кажал на раководството на „Црвените“ дека е подготвен да го напушти тимот ова лето.

Конате игра за Ливерпул од летото 2021 година. Во сезоната 2024/25, дефанзивецот има 42 натпревари во сите натпреварувања, во кои постигна два гола и направи две асистенции. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан