Реал Мадрид и Ендрик нема да се разделат
- Ендрик нема да го напушти Реал Мадрид оваа зима, тврди познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо
Мадрид, 25 јануари 2025 (МИА) - Ендрик нема да го напушти Реал Мадрид оваа зима, тврди познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо.
Шпекулациите тврдеа дека Бразилецот ќе биде испратен на позајмица, но според изворот тоа нема да се случи.
Планот во моментов е Ендрик да остане дел од Реал Мадрид, а тренерот на „Лос Бланкос“, Карло Анчелоти, ќе игра важна улога во развојот и подобрувањето на моралната волја и атлетско-техничките квалитети на играчот.
Ендрик генерално беше долгоочекуван трансфер и правата за него беа купени повеќе од една и пол година пред официјално да заигра на шпанско тло. Ова дополнително ја навалува вагата кон тоа шпанскиот шампион да го задржи својот талентиран играч на „Сантијаго Бернабеу“. дс
Фото: Архива