• четврток, 11 јули 2024

Реал купи 17-годишен украински голман

Реал купи 17-годишен украински голман

Мадрид, 3 февруари 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски великан Реал го објави трансферот на голманот Илја Волошин. Украинецот брани за Рајо Мајадахонда во третата лига на Шпанија.

Седумнаесетгодишниот Украинец потпиша договор со „Кралевите“ до летото 2026 година. Голманот ќе настапува за Реал Мадрид Ц во петтата лига.

За талентираниот чувар на мрежата беа заинтересирани и Бенфика и Јувентус.

Волошин, чија висина е 202 см, потекнува од фудбалската школа на Днепр-1. Има еден настап за младинската украинска репрезентација. зс/

Фото: Youtube

Остани поврзан