• понеделник, 23 март 2026

Реал загуби од Хетафе на домашен терен

Реал загуби од Хетафе на домашен терен

Мадрид, 3 март 2026 (МИА) - Реал Мадрид синоќа загуби од Хетафе со 0:1 во домашен натпревар од 26. коло на Шпанското фудбалско првенство.

Единствениот гол го постигна Уругваецот Мартин Сатријано во 39. минута.

Хетафе имаше три удари кон голот, додека Реал имаше седум.

Во 90+5, домашниот играч од средниот ред Франко Мастантуоно беше исклучен со директен црвен картон. Две минути подоцна, судијата го исклучи напаѓачот на гостите Адриан Лисо за втор жолт картон.

Реал Мадрид, со 60 бода по 26 натпревари, е втор на табелата во Ла Лига, Хетафе (32 бода по 26 натпревари) се искачи од 14. на 11. место. Лидер е Барселона со 64 бода. 

Во следното коло, Реал ќе игра на гости против Селта на 7 март, а Хетафе ќе биде домаќин на Бетис истиот ден. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан