• понеделник, 08 декември 2025

Реал загуби од Селта и ја зголеми негативата во однос на лидерот Барселона

Реал загуби од Селта и ја зголеми негативата во однос на лидерот Барселона

Мадрид, 8 декември 2025 (МИА) - Реал Мадрид загуби со 0:2 од Селта синоќа на домашен терен во 15. коло од Шпанското фудбалско првенство.

Дваесет и едногодишниот шведски напаѓач на Селта, Вилиот Сведберг, беше двоен стрелец, погоди во 53. и 90+3. минута. 

Од 64. минута, Реал Мадрид играше со десет играчи откако шпанскиот дефанзивец Франциско Гарсија доби втор жолт картон.

Реал Мадрид го претрпе првиот пораз во последните шест натпревари. Тие се втори на табелата во Ла Лига (36 бода по 16 натпревари). Селта, со 19 бода по 15 натпревари, е на 10. место. Лидер е Барселона со 40 бода.

Во 16. коло, Реал ќе игра на гости против Алавес на 14 декември, додека Селта ќе биде домаќин на Атлетик истиот ден. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан