Реализиран проект за поголема вработливост на Ромите во Тетово
- Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ од Тетово го заврши проектот „АКСЕДЕР-Да не биде никој изоставен“, чија цел беше да се подобри вработливоста на Ромите и другите социјалн
Тетово, 30 јуни 2021 (МИА) - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ од Тетово го заврши проектот „АКСЕДЕР-Да не биде никој изоставен“, чија цел беше да се подобри вработливоста на Ромите и другите социјално ранливи групи. Според организаторите целите се постигнати преку ефективно вклучување на пазарот на трудот преку обука, советување, посредување и партнерство со институциите и приватните компании како основа за подобрување на вработливоста на Ромите помеѓу општата популација.
-Осум практиканти се стекнаа со практични знаење и искуства во рамки на компании, 15 посетители на стручни обуки добија сертификати за профили како фризер, столар, негувател, производител на леб и пецива, заварувач и шивач/ка. 22 учесници во програмата се вработија преку посредување на АДРР „Сонце“ со компании и соработници, изјави Незир Хусеини, програмски директор во Асоцијацијата.
Во текот на проектот заинтересираните учесници учествувале на обуки за запознавање со техники на вработливост, медиумска писменост, организација во работни колективи, права и обврски и слично. Проектот траеше од март 2020 до јуни 2021 година во рамки на Тетово и Гостивар.ас/свс/