• вторник, 19 ноември 2024

Реализиравме 200 проекти и вложивме 10 милиони евра за развој на Виница, такa и продолжуваме, порача кандидатот за градоначалник Ивица Димитров

Реализиравме 200 проекти и вложивме 10 милиони евра за развој на Виница, такa и продолжуваме, порача кандидатот за градоначалник Ивица Димитров
Виница, 3 октомври 2021 (МИА) - Заштитата на животната средина со дислокација на општинската комунална депонија кај селото Лески и довршување на почнатите и инфраструктурните проекти се дел од главните приоритети што ги нуди кандиатот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник на Виница, Ивица Димитров. На вечерашниот митинг на плоштадот „Ангел Винички“, претставувајќи ја својата  предизборна програма со која бара уште еден мандат, тој нагласи дека за само четири години Виница доживеала видливи подобрувања. Дел од проектите што долго чекале решавање, како што е реконструкцијата на градската водоводна мрежа, веќе целосно се завршени. -Во изминатите четири години реализиравме 200 проекти и вложивме 10 милиони евра, со што  ги решивме приоритетите, а со тоа ја вративме довербата и животот на граѓаните на општина Виница Во наредниот мандат ќе го изградиме патот од селото Трсино до планината Голак, нова автобуска станица, булевар со кружен тек, скејт парк. На градскиот стадион ќе се изгради нова трибина, а постоечката ќе биде покриена. Виница ќе добие велосипедски патеки, ќе се подобри степенот на хигиена во градот и во населените места, а ќе вложиме и во соработката со невладините организации и со бизнис секторот. До крајот на годината ќе почнеме со приклучување на градот и селата Лески, Градец, Јакимово и Истибања на пречистителната станица за отпадни води кај Кочани, истакна Димитров. Додаде дека граѓаните на Виница знаат каква беше состојбата пред 10 години, каде беше загрозена безбедноста од хулигани и криминалци, а сега е пристојно место за живеење и граѓаните знаат кој и каков треба треба да биде нивниот градоначалник. На митингот во Виница на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, беше претставена и кандидатската листа за советници, а носителот Гоце Милевски истакна дека ја бараат довербата од гласачите затоа што преземаат обврска и одговорност за реализација на понудените проекти во наредниот четиригодишен период. та/сст/

Остани поврзан