• петок, 22 ноември 2024

Реакција од СДСМ на изјавата на Данела Арсовска

Реакција од СДСМ на изјавата на Данела Арсовска
Скопје, 25 март 2022 Дали Данела Арсовска навистина се предомислила и конечно решила да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, мостот во Аеродром или ќе продолжи со нови алиби оправдувања? „Нема да се заврши, ќе биде мост за ловење риба.“ рече Арсовска во првата нејзина реакција за овој проект кога најави негова целосна блокада. Денеска Арсовска вели дека се работи на мостот но сепак продолжува со нови оправдувања, овој пак со експропријацијата. Досега сите предмети за експропријација, над 80, што се решени во овој период, се поради соодветни постапки започнати од претходната локална власт, Арсовска нема тука никаков удел. Мостот од Аеродром кон Гази Баба и пробивањето на булеварот АСНОМ се проекти на Петре Шилегов, зпочнати во март 2020 година и со вредност од 16 милиони евра. Оттука, ако има проблем за завшрување на проектот мост во Аердром тоа е само поради неработењето на Арсвоска. Градоначлничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска конечно треба да престане да бара оправдување за неработењето и да се зафати со работа. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан