• недела, 22 декември 2024

Реакција од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Реакција од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Скопје, 22 јули 2023

Христијан Мицкоски уште еднаш покажува дека е деструктивен политичар, кој прави се да ја оддалечи државата од ЕУ.

Секој што работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија

Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ,  работи и против македонскиот јазик во ЕУ.

Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до ново европски фондови.

Мицкоски одработува за туѓи интереси и против ЕУ.

Тоа е поразително за него и за неговата партија.

 
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан