• недела, 22 декември 2024

Реакција од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Реакција од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Скопје, 16 април 2021 Христијан Мицкоски не пропушта прилика да докаже дека е единствен на браникот на криминалот. Мицкоски, заштитникот на криминалот има проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите, нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин. Разбирливо е, тој е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев, подеднакво тој е дел од режимско-криминална матрица која 11 години ја злоупотребуваше  државата во партиски цели. Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски. Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, но негова  сурова реалност е тоа што едвај се бори за барокната фотелја во расипничкиот дворец и тоа дека губи на секој изборен циклус. Мицкоски е поразен политичар без став, бледа сенка на Никола Груевски. Тој не донесе ништо ново во македонската политика, тој е срам за десницата во Северна Македонија. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан