• вторник, 26 ноември 2024

Реакција од ДКСК на соопштението од Државното правобранителство

Реакција од ДКСК на соопштението од Државното правобранителство
Скопје, 3 јуни 2022 По повод случајот наведен во соопштението на Државниот правобранител, објавено на ден 03.06.2022 година во медиумите, за постапувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со предметот за ангажирање на Бесмира Ејупи со договори на дело во Државното правобранителство и четири општини образложено на јавната седница одржана на ден 01.06.2022 година од страна на членот Катица Николовска, ДКСК го дава следното известување: 1. Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и одлуките ги носи на јавна седница со мнозинство гласови; 2. Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата е надлежна да врши проценка на ризици од корупција како и анализа на економичното користење на државните средства; 3. Целокупната поткрепувачка документација поврзана со овој предмет ќе биде доставена до соодветното Јавно обвинителство; 4. Што се однесува до наводниот потенцијален судир на интереси, ДКСК потврдува дека членот на ДКСК Катица Николовска нема никаква роднинска врска со лицата инволвирани во наведениот предмет, односно ниту едно од лицата не е „блиско лице“ со членот Катица Николовска. Имено согласно член 8 став 4 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси под поимот „блиски лица“ се подразбираат лицата во брачна или вонбрачна заедница со службеното лице, роднини по крв во права линија и во странична линија до четврт степен, роднините по сватовство до втор степен, како и секое физичко или правно лице со кое службеното лице има финансиски интерес. Државна комисија за спречување на корупцијата ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан