• понеделник, 23 декември 2024

Реакција од Град Скопје на изјавата на советникот Пановски

Реакција од Град Скопје на изјавата на советникот Пановски

Скопје, 16 февруари 2024

Кога советникот Никола Пановски говори за домашно воспитание прва лекција која се учи дома е секогаш да се говори вистината и да не се лаже.

Градоначалничката Данела Арсовска редовно и навремено е на терен и ги реализира сите проекти освен оние кои се блокирани од Советот каде дел е Пановски. Оние кои потфрлаат и не работат во интерес на граѓаните се советниците под контрола на Христијан Мицкоски кои за ситни политички поени и лични интереси прават се за да ја блокираат работата на градот.

Пановски јавно треба најпрво да одговори колку пати тој лично се има појавено на седници на советот и на колку од нив останал до крај за да го заработи паушалот од 500 евра, колку амандмани поднел, колку решенија за проблемите на граѓаните предложил? Пановски треба да одговори дали гласал за проектите во интерес на граѓаните, дали кренал рака за програмите на локалните претпријатија, за нови улици, водоводи или пак бил дел од оние советници кои работат спротивно на интересот на граѓаните, советници кои се задолжени за блокада на градот?

Пановски треба да си го постави прашањето по што ќе биде запомнет во неговиот советнички мандат? Дали единствено  нешто по кое ќе биде запомнет ќе бидат неговите недолични и политикански Фејсбук статуси и интервјуа кои не доликуваат на еден универзитетски професор, бидејќи сигурно нема да биде запаметен по проектите кои ги поддржал во интерес на граѓаните.

Веројатно нема назад од патот по кој тргнал професорот Пановски, а граѓаните ќе го запомнат неговиот советнички мандат како еден од најлошите во историјата на градот бидејќи самиот тој избра да биде слуга на политичките и лични интереси наместо на граѓаните на Град Скопје.

Одделение за односи со јавност на Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан