• сабота, 21 декември 2024

Реакција на српската Демократска партија за протестите во Белград

Реакција на српската Демократска партија за протестите во Белград
Белград, 10 јули 2020 (МИА) - Имајќи предвид дека Александар Вучиќ е во Париз и поради тоа не  му одговара да има насилство на улиците, тој не беше таму вечерва, изјави за Бета, Зоран Лутовац, претседател на Демократската партија (ДС). Коментирајќи го вечерашниот протест пред српскиот Парламент, Лутовац изјави дека „очигледно е дека Вучиќ знае како да управува со насилства“. „Поради неговиот престој во Париз, вечерва немаше насилство на улиците на Белград. Вечерва беше направено она што беше направено претходните денови, а тоа е да се инсистира на разлики во рамките на протестот“, рече претседателот на ДС. Тој посочи дека целта на властите е да создадат спротивставени страни меѓу самите демонстранти со цел да ги демотивираат граѓаните да дојдат и да го направат протестот што е можно поголем. „Владата делумно успеа во тие поделби. Групи се појавија на екстремно десно и екстремно лево, а од друга страна испровоцираа обични граѓани, така што многу луѓе го напуштија протестот поради тие провокации“, рече Лутовац. зш/

Остани поврзан