• недела, 22 декември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева
Скопје, 26 јануари 2022
 
ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол за криминал и корупција.
Напредокот на Северна Македонија од 24 места на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнал ја демантира ВМРО-ДПМНЕ.
Во Извештајот на Транспаренси, нотиран е напредок во борбата против корупција, позитивно е оценето усвојувањето на агенда и акционен план против корупцијата, реформите во изборите и правосудниот систем, како и справување со непотизмот, влијанието во практиките за вработување на јавни места.
Во 2021 Северна Македонија е рангирана на 87 место, што е најдобро рангирање во последните шест години. Зад нас во регионот се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.
Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем со извештајот затоа што напредокот меѓу другото се должи и на неселективното владеење на правото, покренатите случаи и пресуди против функционери од претходната но и од актуелната власт, што за опозициската партија е неприфатливо.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија како власт создаде заробена држава, а како опозиција цврсто стои на браникот на криминалот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан