• недела, 21 декември 2025

Реакција на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски

Реакција на СДСМ на изјавата на Максим Димитриевски

Скопје, 11 мај 2025

Луѓе фатени во корупција ниту може некого да прозиваат а уште помалку да се претставуваат како некаква морална алтернатива.

Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина. Тоа досега требало да ти биде јасно.

Како што излезе и корупцискиот скандал со златни парцели поврзани со тебе и твојот кум.

Народот чека одговори и бара одговорност.  Погледни ги граѓаните во очи и кажи. Како се вртат 350.000 евра преку бизнис зделки во твојата општина?

Максиме, прочитан си до максимум. И од членовите на ЗНАМ и од граѓаните, затоа ти бега членството.

Откако СДСМ ја искористи за личен бенефит, ЗНАМ ја направи само да ти биде алатка за твоите бизнис интереси и лично богатење, параван за твоето слугување кон ВМРО ДПМНЕ. Тоа веќе сите го знаат.

Македонија ќе ја биде кога од политичката сцена ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја користат само за да украдат нешто, макар и еден пар чизми.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан