• четврток, 14 ноември 2024

Реакција на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски

Реакција на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски
Скопје, 28 август 2022 Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал струја три пати поскапа, за 250 евра иако цената била 70 евра

Мицкоски нема познавања од енергектиката, зборува невистини по логиката којашто очигледно тој ја применувал.

Како директор на ЕЛЕМ Мицкоски е тој кој во негов мандат во АД ЕСМ купуваше електрична енергија по три пати поголема цена, за 250e/MWh, во време кога струјата се продаваше по 70е/MWh. Без никаква енергетска криза.

Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, а потоа и советник на Груевски, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква енергетска криза.

Тој лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач.

Центар за комуникации на СДСМ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан