• петок, 22 ноември 2024

Реакција на пратенички на ВМРО-ДПМНЕ до министерката Тренчевска

Реакција на пратенички на ВМРО-ДПМНЕ до министерката Тренчевска
Скопје, 28 февруари 2023
 
Почитувани,
 
Ја пишуваме оваа реакција после добиената покана од страна на Наташа Димеска - шефица на кабинет, а во организација на Министерката Јованка Тренчевска.
 
Конференцијата со наслов: "Жени во политика-говор на омраза, сенка која обесхрабрува", која ќе се одржи на 1ви март во хотел Хилтон.

Реакцијата ја испраќаме заради неколку причини:

- загрижени сме и револтирани затоа што во програмата на самата конференција, во ниту еден модул, ниту една пратеничка од опозицијата не е поканета како панелистка или говорничка.- тоа, за жал, јасно упатува на заклучокот дека организаторите не сакаат ни да слушнат, а камоли да прифатат поинакво мислење од нивното!

- воедно ве информираме дека ние не можеме да присуствуваме на настан или дебата за која никој не нѐ консултирал и не нѐ прашал дали имаме што да кажеме, предложиме...туку некој го составил списокот на говорнички по сопствено мислење.

Ако се бориме за еднаква застапеност, рамноправност и недискриминација...мора така и да се однесуваме!
 
Женската борба е заедничка цел на сите жени во општеството, не е ексклузивитет на никого.
 
Да се слушне гласот на опозицијата е европска вредност и додадена вредност во борбата за женските права!

Очекуваме поголема транспарентност и широчина од Министерката Јованка Тренчевска, која е воедно и Претседателка на Форумот на жени во СДСМ.

Пратенички од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 
 
—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан