• недела, 24 ноември 2024

Реакција на потпретседателот на АА и поранешен министер за правда Кренар Лога за одлуката на Уставен суд за „балансерот“

Реакција на потпретседателот на АА и поранешен министер за правда Кренар Лога за одлуката на Уставен суд за „балансерот“

18 септември 2024

Сите иницијативи што се однесуваат на прашањата за праведно и соодветно застапување, употребата на албанскиот јазик и другите етнички прашања во корист на немакедонските заедници ќе имаат иста судбина како прашањето за изводите од матична книга на родени, односно поништувањето на уредбата на министерот за правда и укинување на соодветните членови од законот. Треба да се истакне дека гласањето пред една година беше чисто етничко и мајоризирачко; такво беше и денес (6 македонски гласови наспроти 3 албански и турски).

Своеремено, македонската политичка елита го користеше Собранието на Македонија за да ги мајоризира Албанците. Сега, откако тоа им е оневозможено во Собранието, тие ја префрлија оваа практика во Уставниот суд.

Додека во Уставниот суд не постои двојно гласање за законите со Бадентер, односно механизам за заштита на другите етнички заедници, ароганцијата на македонската политичка елита ќе се појави повторно, исто како во 1991 или 1997 година.

За жал, Северна Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа. Денес, нашата држава ги дели патиштата: или ќе оди кон Европа, или кон „Српски свет“; или ќе остане Северна Македонија и европска, или македонската олигархијата ќе направи дел од неа да стане „Јужна Бановина“.

Кренар Лога, потпредседател на АА и поранешен министер за правда

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан