• четврток, 26 март 2026

Реакција на Мартин Костовски од СДСМ на прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на Мартин Костовски од СДСМ на прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

6 јули 2025 

Костовски: „Голема нервоза во белата палата, клеветите не поминуваат, народот гледа и ќе казни!“

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача:

„Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране – човекот кој е директно против сиромашни работници и повисоки плати – да врти стари лаги и да ме клевети.

Ама не кажа дека за истиве клевети веќе има и судска одлука – Бране изгуби во прв степен и треба да ми плати 2.500 евра отштета, пари кои веднаш ќе ги донирам.

Клеветите не поминуваат, вистината во Куманово излезе на виделина.

Најголемиот криминалец е токму нивниот измеќар – Максим Димитриевски. Тој што сега им се клања, за да го спасат од одговорност.

Нека продолжат вака, народот на Куманово гледа и добро знае. Следи голема казна на локалните избори. Народот не паѓа на коалициски математики.

А на Бране не може јас да му бидам крив што не е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, никој во партија не го сака ниту за измеќар. Седи си во Парламент и троши си ги парите, народот веќе ништо не очекува од такви како тебе.“ - напиша Костовски


Скопје, 6 јули 2025

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан