• петок, 12 јули 2024

Реакција на Левица за недостатокот на свидетелства

Реакција на Левица за недостатокот на свидетелства
Скопје, 21 јуни 2021 Деновиве, додека министерката Царовска е на турнеја низ државава во посета на празни училишта и наместени трибини, по којзнае кој пат на виделина излегува нејзината неспособност да се справи со менаџирањето, дури на основните обврски во ресорното Министерство. Имено, веќе е јасно дека свидетелства нема и ќе нема во догледно време. Изгледа битката за тендер се бие преку грбот на учениците! Во меѓувреме, Бирото за образование ги известило училиштата дека свидетелствата за учениците во основните и средните училишта ќе бидат готови до 31 август годинава, при што не се знае точно на кој датум. До денес нема ниту главни книги и дипломи за учениците од завршните класови. Поради превид во календарот на активности, дојде до конфронтација меѓу директорот на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ со дел од вработените. Имено, во МОН не зеле во предвид дека 18-ти јуни е неработен ден, а во ова училиште се организира приемен испит. Слепо послушниот директор избрал поскоро да ги прекрши правата на своите вработени, отколку да реагира во врска со нелогичните и неисполнливи рокови! Првата наставна година на министерувањето на Царовска почна со неоправдано скратување на наставата за еден месец поради платформа која ниту не профункционира, продолжи со скандалозната инстант Концепција за реформи и Законот за учебници, кои граѓаните ќе ги исплатат во форма на кредит од над дваесет милиони евра, а завршува со протести на родители, необезбедување неопходна документација, непочитување на правата на вработените во училиштата и создавање атмосфера на нарушени меѓучовечки односи. Од перспектива на фактот дека министерката не е во состојба да изменаџира навремена испорака на свидетелства и функционален календар за работа на училиштата, најавата за дигитализација потсеќа на уште еден пропаднат проект на министерката, повторно на товар на учениците и нивната наобразба. Левица  _________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан