Реакција на ДУИ на Одлуката за доделување на наградата „Војвода Вук“ на заменик-претседателот на Владата, Иван Стоиљковиќ,
- СООПШТЕНИЕ -
Скопје, 27 јануари 2025
Одлуката на Здружението на српските доброволци од војните 1912-1918 година да му ја додели наградата „Војвода Вук“ на заменик-претседателот на Владата, Иван Стоиљковиќ, претставува длабоко навредлив и провокативен чин, особено имајќи ја предвид мрачната историја на злосторствата извршени од српските доброволни сили врз Албанците во Северна Македонија во периодот 1912-1918 година, познат како геноциден период.
Во тој период, особено за време на Балканските војни и Првата светска војна, цивилното население на територијата на денешна Северна Македонија, особено Албанците, се соочија со етничко чистење, масакри и масовни протерувања.
Историските извори сведочат за палење на цели албански села, силувања, тортура и масовни егзекуции.
Во Тетово, Гостивар, Скопје, Кичево и многу други региони, Албанците беа цел на српските сили, кои ги третираа како пречка за проектот на асимилација и територијална експанзија.
Според историските сведоштва, десетици илјади Албанци беа убиени, а илјадници други беа насилно протерани од своите домови.
Во некои случаи, варварствата вклучуваа силувања и живо палење на албански цивили.
Овие злосторства не само што оставија длабоки рани кај албанскиот народ, туку и ги зајакнаа поделбите и етничките тензии кои сè уште се чувствуваат денес.
Трагична иронија е што државен функционер, кој раководи со министерството одговорно за Охридскиот договор и претставува држава која треба да промовира помирување и соживот, прифаќа одликување од здружение кое е директно поврзано со толку болен период за Албанците во Северна Македонија и го објавува тоа како признание.
Овој чин не е ништо помалку од обид за легитимирање на минатите злосторства и навреда на споменот на илјадниците албански жртви.
Почитувањето на споменот на жртвите и прифаќањето на историските вистини се единствениот темел за помирување и заедничка иднина.
Албанците во Северна Македонија нема да молчат пред обидите за легитимирање на неправдите од историјата.
ДУИ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива