• среда, 25 декември 2024

Реакција на ДУИ за фејсбук објава на Арбен Таравари

Реакција на ДУИ за фејсбук објава на Арбен Таравари
9 јануари 2022 Таравари го цитира Хитлер, да се извини и веднаш да ја избрише објавата Неверојатно, но за жал вистинито. Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница. Таравари бесрамно го цитира Хитлер: „пошто народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!“ Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук. Исто така, сите членови и раководството на неговата партија треба веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари. Бараме и од академскиот свет, креаторите на јавното мислење, медиумите и новинарите, невладините организации да го кренат својот глас против ваквиот став на Арбен Таравари за коj нема место во нашето општество. Демократската унија за интеграција ___________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан