Реакција на ДУИ за усвојувањето на Предлог-законот за средно образование во прво читање во Собранието
- СООПШТЕНИЕ
18 декември 2024
Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува поминувањето на понатамошна фаза на Предлог-законот за измени во средното образование, кој наметнува моноетнички решенија и го нарушува духот на меѓуетничкиот соживот.
Овој закон е чекор назад и неприфатлив за една мултиетничка држава како што е Северна Македонија.
Уште посрамно е однесувањето на коалицијата ВРЕДИ.
Со тоа што не гласаа, тие молчеа и практично дадоа поддршка за овој закон.
Помеѓу стравот од гневот на народот кој толку многу го понижија и стравот од нивните падрони од ВМРО-ДПМНЕ, тие останаа парализирани.
ДУИ ги поддржува активностите на Фронтот за блокирање на овој закон.
Албанците не можат да прифатат одлуки кои ги заобиколуваат нив.
Решението мора да биде сеопфатно и праведно за сите.
Демократска унија за интеграција
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.