Реакција на ДУИ за усвоен амандман во Предлог-законот за основно образование
- СООПШТЕНИЕ - Демократската Унија за Интеграција остро ја осудува одлуката на парламентарното мнозинство, кое во Законодавно-правната комисија усвои дискриминаторски амандман во рамки на Предлог-законот за основно образование.

24 декември 2024
Демократската Унија за Интеграција остро ја осудува одлуката на парламентарното мнозинство, кое во Законодавно-правната комисија усвои дискриминаторски амандман во рамки на Предлог-законот за основно образование.
Овој амандман, предложен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поддржан од пратеничката на ВЛЕН, предвидува како услов за именување на директорите на основните училишта положување испит за познавање само на на македонскиот јазик.
Овој предлог е отворен напад врз директорите на училиштата кои успешно ја вршат својата работа и обид за создавање непотребни бариери и етнички поделби.
Наместо да се фокусира на подобрување на квалитетот на образованието, парламентарното мнозинство воведува вештачки пречки кои не служат на интересите на учениците и наставниците.
Овој чин е јасен доказ за агендата за поларизација на општеството и за маргинализација на заедниците кои не го говорат македонскиот како мајчин јазик.
Го сметаме ова за неприфатлив чекор кој го нарушува духот на еднаквост и соживот во земјата.
Демократската унија за интеграција бара овој амандман веднаш да биде повлечен и апелира до граѓаните, наставниците и институциите да се спротивстават на оваа флагрантна дискриминација!
Демократска унија за интеграција
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото МИА архива