• недела, 22 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за здравство

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за здравство
Скопје, 3 април 2021  Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците. Филипче очигледно заборава дека пациентка умре во Штип затоа што немаше кој да и даде кислород. Филипче е глава на систем во кој се вакцинира преку ред. Со недели немаше клексани. Народ примаше инфузии во болнички дворови, а живи луѓе лежеа со починати. Филипче е човекот кој го урниса здравството. Наместо да набавува вакцини, Филипче лета со хеликоптер и вози мотори со Заев. Филипче, џабе смислуваш лаги, кој да ти верува? Па народот на своја кожа ја чувствува твојата неспособност. Еден добар совет од ВМРО-ДПМНЕ, не го лути народот со твоите лаги, ако не те бива дај си оставка. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан