• недела, 22 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Ненад Коциќ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Ненад Коциќ
Скопје, 7 октомври 2022
СДС е партија чиј претседател кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, трајно ги нагриза нашите позиции и го загрози идентитетот.СДС се партијата која даде легитимитет на бугаризацијата. Заев, од позиција на премиер, долгорочно ги оштети македонските позиции. Од изјавите на Заев беа фрапирани и до бескрајна радост донесени и најголемите бугарски шовинисти.Од изјавите на Заев почна целата негација на Македонија, за истата да кулминира со отворањето на клубови со фашистички имиња во Македонија со дезертерот Ковачевски.Ковачевски не направи ништо да спречи отворање на клубови со фашистички имиња во Македонија, напротив тоа го дозволи.ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира повеќе СДС кои се власт да одобруваат никулци на фашизам, и затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе законски предлог измени со кои идно формирање и регистрирање на здруженија со имиња со фашистичка позадина, но и ќе се реагира на постоечките здруженија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан