• четврток, 14 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски

Скопје, 25 март 2023

Заради Ковачевски инфлацијата во Македонија беше најголема во регионот, реалната плата падна за 3.3 проценти, народот денес е посиромашен од пред неколку години.

Инфлацијата во 2022 година во Македонија се искачи на скоро 19%, во исто време кога во земји како Словенија беше само 10%, а во Хрватска 12.8%. Инфлацијата во Македонија е поголема од земјите од ЕУ, тоа е доказ дека истата не е увезена, туку е поради неспособноста на власта.

Во исто време изминатиов период иако платите номинално се покачуваа за некој процент, реалната плата, која ја отсликува куповната моќ е падната.

Во Македонија откако СДС е на власт со 1000 денари граѓаните не можат да купат работи кои порано можеле со 500 денари.

Залудни се прес конференции од типот на дадовме помош, кога народот таа помош не ја почувствува. Каде се 735 милиони за кои зборува СДС? На што се потрошени и кој е бенефитот?

Со СДС државата само тоне. Потребни се промени, за реални чекори напред.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан