• понеделник, 25 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на предложените кандидати за градоначалници на СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на предложените кандидати за градоначалници на СДСМ
Скопје, 13 јули 2021 Со исти истрошени кадри СДСМ оди во изборен пораз, народот веќе ги прочита. Стари кадри за штитење на криминалот. Вечерва Заев го предложи Шилегов за кандидат за градоначалник за Скопје. Шилегов кој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров. Шилегов кој не вети, но брка 84 наставници, купува клупи од 500 евра од тропско дрво и плаќа противпожарно возило 900.000 евра поскапо од тоа што го плаќа град Загреб за исто такво возило. Заев го предложи Сашко Николов за кандидат за градоначалник за Штип, кој се потсмева со работниците, а додека тој е градоначалник неговите роднини, газдите на Баргала даваат плата од 200 денари на напатениот народ. За Охрид СДСМ ќе трча со Константин Георгиев, кој две години не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси. Заев вечерва избра кадри кои се слика копија на него. Заев вечерва избра неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот. Време е да се стави крај на оваа безидејност. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја покаже разликата. Време е за Македонија за сите луѓе! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан