Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на премиерот Заев да не ги прифати оставките на Филипче и Хасани
- Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата.

Скопје, 5 октомври 2021
Денес повторно видовме дека власта нема осет и нема жал за 14-те луѓе живи изгорени во Ковид болницата и 7.000 починати од Ковид.
Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата.
Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче.
Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство.
Почитувана македонска јавност, тие одбраа да паднат заедно. И да Зоран Заев и Венко Филипче заедно ќе си паднат.
Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат.
Прес-конференција на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
