• петок, 22 ноември 2024

Реакција од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Реакција од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
25 март 2022  Соопштение за јавност - реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски Мицкоски копнее по Груевски  Со вечерашното изразено жалење што Никола Груевски не е присутен во државата, Христијан Мицкоски призна дека копнее по неговиот ментор и шеф, осуден криминалец во бегство. И вечерва Мицкоки не се огради за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник, за кои има дузина судски пресуди со затворски казни и серија признанија од високи функционери на партијата. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија, симбол на криминал и корупција. Самиот Мицкоски е опркужен со кадри на режимот кои се дел од судски процеси за милионски криминал, корупција и злоупотреба на парите на граѓаните. Талир, Титаник, Моќник, Плацеви на Водно и безброј други предмети пред македонските судови. Тоа е ВМРО ДПМНЕ. СДСМ Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан