• недела, 22 декември 2024

Реакција на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски

Реакција на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски
Скопје, 6 април 2022  Се’ е исто во ВМРО-ДПМНЕ и во УМС, Мицкоски е како Груевски, ниту може да води кон иднината, ниту да донесе промени Вечерашното обраќање па и самиот настан на УМС покажа уште еднаш дека се е исто во ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква промена. Христијан Мицкоски е ист како Никола Груевски. За протекционизам вечерва зборуваше човек кој стана асистент кај неговиот татко, за партизација на општеството зборуваше претседател на партија чии градоначалници не чекаа ниту 100 дена за да ги наполна општините со партиски кадри. Полна е устата на Мицкоски за животен стандард ама испушти да каже дека неговите пратеници во Собранието го блокираат секој закон кој значи денар повеќе во семејните буџети. Врвот на лицемерието на Мицкоски е наводната загриженост од резултатите од пописот, попис кој токму неговата партија заедно со нивниот коалициски партнер Левица правеа се за тој да не успее, повикуваа на бојкот на штета на граѓаните и државата. Ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту олицетворението на Груевски, Христијан Мицкоски, не можат да водат кон иднината, ниту пак да донесат промени. Центар за комуникации со јавноста - СДСМ ____________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан