• понеделник, 23 декември 2024

Рашиди: АА нема да биде дел од Владата

Рашиди: АА нема да биде дел од Владата
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Пратеникот Сурија Рашиди, кој е дел од раководството на Алијанса за Албанците ги демантираше информациите што се појавија во јавноста дека неговата партија ќе биде вклучена во Владата. -Јас сум член на раководството на партијата и оваа тема не е претставена на ниту една средба, изјави  Рашиди за ТВ Алсат. Тој рече дека Алијансата за Албанците е сериозен политички субјект кој не носи одлуки врз основа на хипотетички гласини, туку носи политички одлуки врз основа на она што е реално и објективно. ев/  

Остани поврзан