• понеделник, 23 декември 2024

Рауков: Руските платеници планирале терористички акти во Белорусија

Рауков: Руските платеници планирале терористички акти во Белорусија
Минск, 29 јули 2020 (МИА) - Државниот секретар на белорускиот Совет за безбедност, Андреј Рауков денеска изјави дека уапсените руски платеници планирале терористички акти во земјата. Тој додаде дека повеќе од 200 руски платеници се уште се наоѓаат во Белорусија, а безбедносните сили трагаат по нив. Белоруската новинска агенција БЕЛТА вчера објави дека се уапсени 33 руски државјани под сомнение дека се припадници на руската група приватни воени платеници „Вагнер“. Амбасадорот на Русија во Белорусија истакна дека е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи во Минск, откако повеќе од 30 руски државјани беа уапсени под сомнение дека се платеници. ки/ми/

Остани поврзан