• понеделник, 23 декември 2024

Расчистени четири разбојништва во Скопје, одреден притвор за разбојникот

Расчистени четири разбојништва во Скопје, одреден притвор за разбојникот

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од  Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во Скопје го лишиле од слобода Ш.И.(32) од Скопје, кој бил баран поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво" на територијата на Скопје. 

Како што информира МВР, денеска СВР Скопје -  ЕВР Карпош - Одделение за криминалистички работи Карпош до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ш.И. поради постоење основи на сомнение за извршени четири кривични дела „разбојништво", казниво по член 237 од Кривичниот законик.

Од судија на претходна постапка на Ш.И. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. вј/нд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан