• понеделник, 25 март 2024

Расчистена кражба во Скопје, сторителот го признал делото

Расчистена кражба во Скопје, сторителот го признал делото
Скопје, 5 февруари 2023 (МИА) - МВР информира дека денеска, од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода, расчистено е кривично дело „кражба", казниво по член 235 од Кривичниот законик.-Кривичното дело било извршено во временскиот период од 28 јануари 2022 година до 4 февруари 2023 година во стан на подрачјето на Кисела Вода, сопственост на В.Ц., каде престојувал нејзиниот 31-годишен син, од каде бил одземен поголем износ на пари, соопштуваат од полицијата. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, било констатирано дека сторител на кривичното дело е А.Ц.(23), брат на оштетениот, кој при извршен службен разговор во целост го признал начинот, мотивот и временскиот период на извршување на кривичното дело.-Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот против лицето ќе биде  поднесена кривична пријава, соопштуваат од МВР. ир/сп/

Остани поврзан