Расчистена кражба во Скопје, приведена скопјанка
- Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕЦР Центар и Бит-Пазар, вчера во објект на улица „Даме Груев“ во Скопје, ја лишиле од слобода скопјанката Ж.С. (49).

Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕЦР Центар и Бит-Пазар, вчера во објект на улица „Даме Груев“ во Скопје, ја лишиле од слобода скопјанката Ж.С. (49).
- По преземени мерки и активности било утврдено дека таа на 17.02.2023 во продажен објект на булевар „Никола Карев“ одзела личен предмет од С.Л.(32) од Скопје. Ж.С. била задржана во полициска станица и во службен разговор го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. дма/сп/
Фото: МИА