• среда, 18 март 2026

Расчистена дива депонија во општина Ѓорче Петров

Расчистена дива депонија во општина Ѓорче Петров

Скопје, 18 март 2026 (МИА) - Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија обемна дива депонија лоцирана на улицата „Лихнида“ во скопската општина Ѓорче Петров. Во рамките на реализираните активности на посочената локација, како што велат од КХС, беа подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина.

-Од почетокот на месецот март, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти вкупно 1.260 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Најголемо количество непрописно одложен отпад - 280 кубни метри, се отстранети во општината Карпош. Воедно, беа подигнати и транспортирани 6.250 тони мешан комунален отпад од домаќинствата во сите скопски општини, соопшти ЈП Комунална хигиена. вј/дма/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан